Појавата се случи во текот на денот




Застрашувачка глетка се формирала во неделата наутро во близина на брегот на полуостровот Халкидики во Грција.
Туристите на плажата Ксенија, во близина на селото Палиури на југот на полуостровот, веднаш ги грабнале телефоните за да ја снимат спектакуларната сцена, а снимката брзо се проширила на социјалните мрежи.




Како што е наведено, торнадото се појавила во текот на денот и во комбинација со високата температура и влажност формирала вител помеѓу олујниот облак и површината на морето.




Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.




Иако се послаби од торнадата, имаат брзина на ветер од повеќе од 100 километри на час, но кога ќе стигнат до копно, тие се распрснуваат. Повеќето водени торнада се забележани во близина на тропските предели, а поретко во средните географски широчини.




Погледнете го видеото!
Είπαμε σαν τη Χαλκιδική δεν έχει… και μας έπιασε στο στόμα του ο ακατανόμαστος! Από Παλιούρι το βίντεο μου το έστειλε παρέα φίλων και με ενημέρωσε ότι αρχίσαν τα ευχέλαια να ξορκίσουν τον υδροστρόβιλο και να τον στείλουν πουθενά που θα πιάσει τόπο! #υδροστροβιλος pic.twitter.com/SjOYx5bIbh
— Stefanos Damianidis (@dstefanos) August 14, 2022
