Штом го видела сопственичката, знаела дека е посебно, но немала поим дека е толку посебно

Јајцето од кокошката, кое сопственикот од Англија го пронашол и го посвоил, би можело да му донесе 500 фунти (околу 35.000 денари) бидејќи е „еден во милијарда“.

Анабел Мулкахи, која 20 години спасува и се грижи за птиците, се зачудила кога под една од нејзините посвоени кокошки видела совршено заоблено јајце.

Љубовта кон повредените и напуштените птици им ја пренела на своите деца, кои и помагаат да се грижи за нив во нивниот дом во Западен Оксфордшир, пренесува Метро. Така, „Златната“ кокошка го добила името Твински, по прекарот на една од нејзините ќерки.

По откритието, Анабел го побарала на Гугл и открила дека шансата кокошката да снесе вакво јајце е една во милијарда.

– Навистина е чудно, морав двојно да проверам. Можам да го тркалам на масата како мермер – изјавила Анабел за споменатиот портал.

Таа рече дека сака да го продаде и дека веќе го навела на eBay. Верувале или не, некои веќе понудиле над 480 фунти.