Републичкиот хидрометеоролошки завод предупреди дека денеска се очекуваат врнежи од дожд и локални врнежи со грмежи, кои ќе се интензивираат попладне и навечер.




На повеќето места се очекуваат врнежи од 15 до 30 мм, локално и повеќе.
На подрачјето на југоисточна и југозападна Македонија ќе биде во сила портокалов метео аларм што укажува на опасно време.




Во останатиот дел од земјава ќе важи жолт метео аларм што значи дека времето ќе биде потенцијално опасно.
Во Македонија денеска ќе биде претежно облачно на места со врнежи од дожд и локални врнежи, најавуваат од Републичкиот хидрометеоролошки завод Потопло ќе биде претпладне. Попладне и навечер повеќе врнежи придружени со грмежи.




Во Скопје денеска претежно облачно, претпладне и потопло, претпладне претежно суво, попладне и навечер врнежи од дожд и врнежи, а можни се и грмежи.




Ќе дува слаб и умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура од 13 до 16, највисоката дневна околу 21.
