Претпладне во пониските предели, по сливовите и долините на реките на места има појава на магла и слаб мраз. Нова облачност со врнежи од дожд, на планините со снег се очекува вечерва во северозападиот дел, а во текот на ноќта и во другите региони – соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Според прогнозата на УХМР, најниската температура ќе се движи од -2 до 3, а највисоката дневна од 6 до 10 Целзиусови степени. Во утринските часови ќе има појава на магла и слаб мраз кој ќе има и во Скопје.

Во главниот град денеска во текот на денот ќе биде умерено до целосно облачно и суво. Слаб ветер северен и северозападен. Најниската температура од 0 до 3 °C, а највисоката дневна околу 8 степени.

Во недела во планинските предели формирање, зголемување на висината на снежната покривка за 5 до 10 сантиметри. Во ниските предели на југот и југоисточниот дел а, врнежите од дожд подоцна попладне и во вечерните часови накратко ќе променат со лапавица и снег

Суво во понеделник и вторник, освен на исток и југоисток каде може да има слаби врнежи. Потоа од среда облачно, на места со врнежи од дожд во пониските и снег на повисоките места. Од понеделник до среда умерен и засилен југоисточен ветер.