За жал 60 годишната.Туркан од Скопје го памети местото каде и започнал животот, но, сака да ја заборави суровата сегашност, во која како што вели таа- е изневерена и протерана од најблиските.

Пораснала во населбата Топанско Поле во Скопје, во семејство од двајца родители, три сестри од кои таа е најмала и еден брат.

Татка си го губи одамна, пред неколку децении. Братот се жени и повеќе не знае ништо за него. Постарата сестра се мажи и преселува во Тетово.

Најмалата сестра среќата неколку децении ја наоѓа во Германија. Останува таа со мајка си во станот во кој го минала и детството.

Бидејќи била во работен однос, а, најмалата сестра се враќа од Германија како разведена, мајка и пред смртта одлучува да го подари станот на средната сестра, под услов ако затреба таа секогаш да биде поддршка на другите две сестри.

Минуваат години. Подарениот стан е продаден и местото на живеење заменето со стан во Тетово. Но, нетрпеливоста расте, а, растат и проблемите помеѓу Туркан и средната сестра.

Таа вели дека конфликтот добива димензија и на семејно насилство. Па, еден ден оваа жена завршува на улица. До денес, по низа перипетии низ социјалните установи Туркан е прифатена во шелтер центар кој наскоро ќе биде затворен, а таа повторно вратена на улица.

Затоа, таа мораше да го стави срцето на дланка и да се моли или мајка им да им дојде на сон на сестрите и да ги праша што прават со неа или некој хуман човек да се смилува и да ја прибере да не измрзне на улица.