На Бадник и Божиќ сончево, температура до 15°C. На почетокот на следната недела врнежи и помалку заладување со дожд, на планините со снег, но се уште нема вистинска зима на повидок.




И Македонија за време на викендот ќе биде под влијание на антициклон и висок воздушен притисок, така што времето ќе биде стабилно и сончево, претпладне со магла, додека под влијание на термичкиот гребен од југозапад се очекува ќе продолжи да пристигнува топла воздушна маса, како дел од струите на јужниот и југозападниот гребен, се вели во најновата временска прогноза.




Претпладне се очекува студено, во повеќето предели и слаб мраз, додека во текот на денот ќе биде релативно топло за овој период од годината. Максималната температура ќе има вредност од 10 до 15°С, во Скопје од 12 до 14°С, а во подрачја со магла ќе биде постудено, според прогнозата.




– За време на викендот се очекува силно зајакнување на циклонот над Северен Атлантик, а значително опаѓање на воздушниот притисок се очекува над Македонија, што ќе биде увертира за промената на времето од понеделник
За време на викендот се очекува многу силен циклон над Северен Атлантик, а вредноста на притисокот во центарот ќе биде под 955 mb, така што овој циклон ќе донесе ураганска бура со пороен дожд во северозападна и западна Европа, како и транспортот на топла воздушна маса од Атлантикот, со температури и над 15°C.




Истовремено, над јужна Европа се очекува силен антициклон, а поради продор на поларниот воздух од Арктикот, температурата во европскиот дел на Русија ќе биде до -30-35°C, во Москва до -30°C.




– Кон средината на месецот ќе биде претежно суво со максимални температури од 4 до 10°С, а претпладне се очекува магла, а на места слаб мраз.Планините се уште се без природна снежна покривка, но Веќе од вторник планините ќе побелат, заклучува метеорологот.
