Роберто Митев можеби е момчето со најубави желби, а, најнесреќен живот. Роден е и пораснат во селото Павлешенци, со соништа кои се топат пред секојдневниот селски кошмар кој го живее со семејството. Сиот живот тој и семејството работеле земјоделие и сточарство.

Но, последните две години работите почнале да се движат по надолна линија. Почвата станува неплодна, ја губат социјалната помош, Роберто сакајќи да донесе денар плус дома оди да работи во Скопје и сериозно се разболува.

Се разболува и мајката, која освен што добива два мозочни удари, го губи и видот на двете очи. Како капак на се им умира и стоката од која ваделе пари за леб.

Денес,Роберто и родителите не се во состојба ниту да пливаат во семејните проблеми. Одамна се дават во непредвидливиот хаос кој им го сервира животот.

Домашните работи ги извршува таткото, а сите заедно јадат еднолична храна со месеци и се молат да не надојде тешко невреме, како она во нивните животи, па да ги затрупаат циглте засекогаш. Зашто во оваа стара и дотраана куќа нема агол и дупка од која не тече кога врне и дува.

И, знам дека иако вели дека како е пишано така ќе живее, сепак верувам дека ова момче во некое идно време ќе се избори за место под сонцето, ќе успее и еден ден благодарение на сите нас ќе ги раскажува сегашните тешки времиња како едно лошо минато кое го победил со многу храброст, ентузијазам и илузии.

Целата сторија можете да ја погледнете на следното ВИДЕО!