нвер Бегановиќ, кој е на 100-тиот ден одење пеш до Мека, вчера пристигна во Турција каде по пат веднаш доживеа нова непријатност.




Според информациите од страната што го следи неговото патување, аџиот пристигнал во мотел во близина на Истанбул, каде требало да се одмори, но го чекало големо изненадување бидејќи објектот бил затворен.




Бегановиќ потоа отишол на бензинската пумпа за да одмори и евентуално да најде ново место за престој, но работникот не сакал да го пушти бидејќи мислел дека е бегалец од Сирија. Енвер му објаснил дека е од Босна и Херцеговина и дека сака само да пие кафе.




Потоа продолжил по патот до следниот конак кој бил оддалечен 15 километри.
Аџија од Босна и Херцеговина, да потсетиме, неодамна пристигна во Скопје кога ја доби тажната вест дека неговата мајка Фазила Бегановиќ ненадејно починала. Енвер го скрати патувањето за да присуствува на погребот.




Бегановиќ (52) пред точно 100 дена тргнал на свет пат од околу 6.500 километри. Досега поминал низ Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, потоа од Централна Србија преку административниот премин преминал кон Косово и Метохија, а потоа пешачел низ Северна Македонија и Грција.




Неговиот план е да пристигне во Мека околу 25 јуни и да го заврши својот аџилак. Планира да го однесе и знамето на секоја земја низ која ќе помине во Мека, а попатно ги има 12.




Нему му претстои уште екстремно долг пат, околу 2.500 километри.




– Обврска на секој исламски верник доколку е во можност е да оди на хаџ. Така вербата ме мотивираше да одам на ова патување. Пешачам околу 60 километри дневно. Сè уште го имам спортскиот дух од моите млади денови и не се чувствувам уморен – изјави претходно Енвер.
