Дознајте што ви предвидува кинескиот неделен хороскоп од 28 август до 3 септември 2023 година.

Од почетокот на неделата длабоко во себе ќе носите посебна моќ. Обидете се да се поврзете со вашето внатрешно битие и заборавете на сите лоши околности во вашата околина. Ако се фокусирате на негативното, вашата среќа нема да се манифестира. Универзумот ќе се обиде да ви помогне да го достигнете вашиот целосен потенцијал и да продолжите напред.

Користете ја моќта на медитацијата и бидете смирени. Мора да и верувате на вашата интуиција и да се фокусирате на вашиот успех. Среќна република ви претставува пет знаци кои ќе имаат најмногу среќа во текот на наредната недела, а видете дали сте меѓу нив.

Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020)

Вашата среќа оваа недела е брза, само треба да размислите за вашите желби и веднаш ќе знаете што треба да направите. Меѓутоа, ако имате проблем со самодовербата или верувате дека не го заслужувате сето добро на светот, може да почувствувате допир на страв. Важно е да најдете рамнотежа и ако наидете на пречка само длабоко вдишете и знајте дека се ќе биде во ред. Би било добро да ја искористите моќта на визуелизација за да и помогнете на среќата да стане ваш слуга. Време е да најдете структура во хаосот во кој се наоѓате.

Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021)

Ако патувате оваа недела, среќата е на ваша страна. Ќе ве чекаат многу значајни искуства на неочекувани места. Ова може да укаже и на животен пат и овој период е период на раскрсница на која се наоѓате. Мора да внимавате по кој пат ќе одите и да внимавате да не донесувате избрзани одлуки. Ако му верувате на вашето внатрешно чувство, ќе бидете на вистинскиот пат. Бидете внимателни и искористете ги благословите што ви ги носи патувањето, без разлика дали се физички или духовни.

Свиња (1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

Оваа недела ќе бидете во вашиот елемент, универзумот ќе биде ветерот под вашите крилја и ќе ви помогне да ги постигнете вашите цели и амбиции. Внимавајте со кого се дружите и не се фалете со своите достигнувања. Можете да вовлечете луѓе во вашиот живот кои ќе ви бидат љубоморни и ќе се обидат да направат да се чувствувате лошо. Можеби ќе се обидат да го украдат она што не им е наменето. Користете кристали кои резонираат со енергијата на Сонцето, како и сончеви симболи кои ќе ви донесат среќа, но не ги злоупотребувајте благословите што ги нуди животот.

Коњ (1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Вашата среќа оваа недела е судбоносна и нема да можете да ја контролирате, колку и да се трудите. Таа е тука да ги исправи грешките што сте ги претрпеле. Кармата е вашата најдобра пријателка во моментов, само обидете се да се држите настрана од нејзиниот гнев бидејќи среќата на вашето лице може да привлече многу гнев. Оваа лоша енергија можете да ја поддржите со ритуали кои ви помагаат да се опоравите од она што повеќе не ви треба, а црните свеќи се идеални за ова. Користете го нивниот пламен и замислете се што негативно гори и исчезнува.

Петел (1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Вашата среќа оваа недела ќе биде на страната на вашите финансии. Тоа може да се поврзе со растот на вашето богатство или директно да ви го донесе. Оваа среќа не е ограничена само на финансиите, туку е поврзана и со вашиот романтичен партнер. Ако го почувствувате повикот на Универзумот да се разбудите, придружете се на добротворна организација или направете нешто што може да им помогне на луѓето на кои им е потребна.