Легендата на народната музика Лепа Лукиќ по 56 години на јавната сцена вчеравечер го одржа последниот солистички концерт во кариерата, а на публиката ѝ се заблагодари за сите години поддршка што ѝ ја дала.

Концертот под симболичното име „Лепини путиќи“ (Lepini putići) се одржа на местото каде што Лукиќ ги градеше почетоците на својата повеќедецениска кариера, поранешната сала на Домот на Синдикатот, а легендарната фолк пејачка беше придружувана од оркестарот Миша Мијатовиќ.

Пејачката на самиот почеток започна со емотивен говор, а за време на говорот почнаа да ѝ течат солзи , па така ги разнежни и присутните на концертот.

Концертот го започна со својот голем хит „Од извора два путиќа“ (Od izvora dva putića).
принтскрин

На прошталниот концерт дошле фанови од цела поранешна Југославија и од сите возрасти.

На оваа посебна вечер пристигнаа и голем број музички ѕвезди, како Милена Плавшиќ, Зорица и Кемиш, вдовицата на Предраг Живковиќ Тозовац, Емилија Мима Живковиќ.

Гости на вчерашниот концерт на Лепа Лукиќ биле: Драгица Радосављевиќ Цакана, Милан Топаловиќ Топалко, Зорица Брунцлик и Иван Легенде.