Ова е Олег, има само 7 години и заедно си својот брат Димитар кој има 9 години трчаа без присуство на родителите покрај себе на ТРЧАЈ БЕ. Тие ги чекаа на целта

Следниот текст дава објаснување, а го добивме од мајката на Олег.

“Го праќаш својот 7годишен син на 5к трка…Во првиот миг си пресреќен како родител, оти нели во здраво тело здрав дух, и веќе во наредниот миг се раѓа стравот – ќе издржи ли, може ли, ами ако нема кој вода да му подаде, ако се изгуби низ битолските сокаци…И токму тогаш, кога тој трча сам а јас го чекам на целта, кога ми се преврќаат сите црева и се прашувам дали погрешив…Од нигде никаде се појавува една СВЕТЛИНА, жена-мајка, кралица

Да, нејзините зборови сѐ уште ги повторува Олег : ”Ајде Олег, можеш Олег, уште малку издржи и сте ќе ги победиш…”

Знаете што?! Направивте да верува дека сите ги победи

Почитувана госпоѓо Марија,

Вие не сте свесни колку многу направивте за тоа дете и за нас. Следно ќе пиеме рает кафе на Широк Сокак, а не само да го протрчаме

Верувам во бајки, во херои, во луѓето, во ТРЧАЈ БЕ, а ове беше нашата ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА која постојано ќе ја прераскажуваме.

Лидија Анастасовска – мајка на Олег
Pigled.mk