И покрај многуте обврски кои ги има, Кристијано Роналдо посвети време на семејството, а заедно го слават Божиќ.

Фудбалерот сподели семејни фотографии на кои може да се види како уживаат во божиќната вечера, додека сите се облечени во исти пижами.

Роналдо максимално го искористи зимскиот распуст во Саудиската Про лига (SPL) со тоа што со своето семејство отпатува за Лапонија.

Лапонија е најсеверниот регион на Финска и е познат по своите ски-центри, Северната светлина, додека исто така се смета за официјален дом на Дедо Мраз.

Тој објави и видео на кое се гледаат деца како уживаат со Дедо Мраз, а она што многумина го забележаа е дека на фотографиите никаде ја нема неговата мајка која постојано го следи својот син.

Најплатен фудбалер

Инаку, американскиот магазин наведе дека 40-годишниот напаѓач на саудискиот клуб Ал-Наср со годишна плата од 260 милиони долари, што е рекорд за еден фудбалер, е најплатен спортист во светот по четврти пат во кариерата.

Роналдо добил плата од 200 милиони долари од Ал-Наср, а уште 60 милиони долари од спонзорски и рекламни договори со компании како Најк, Бинанс и Хербалајф.