Многу градинари сè почесто сами чуваат семе од пиперки од најдобрите растенија за да имаат квалитетни расади следната година. Тој процес со тек на време може да донесе подобрена генетика, па дури и создавање на нова сорта.
Важно е да се знае дека хибридните сорти (означени како F1) не се пренесуваат верно – нивното семе може да даде растенија со различни особини, од послаби до потенцијално подобри.
Семето се зема од целосно зрели, здрави и родни плодови. Не треба да се користат незрели, презрели или заболени пиперки. Може да се вади и од свежи и од природно исушени плодови. Кога пиперката ќе се пресече, семките внимателно се истресуваат или се вадат со рака, а потоа се мијат и се чистат од остатоци од месото на плодот.
Семето треба добро да се исуши – знак дека е подготвено е кога пука под притисок на ноктот. Сушењето се врши на ладно место, на хартија или на мрежичка.
Кога ќе се исуши, семето се чува во стаклени тегли, хартиени кесички или други садови што штитат од влага. Обавезно треба да се запише сортата и датумот на чувањето, а садовите да се држат на суво, ладно и темно место за семето да ја задржи својата ртливост.
