Постепено затоплување, па нов пресврт
Метеоролозите најавуваат дека во втората половина од неделата ќе има постепено слабеење на утринските мразеви и пораст на дневните температури.
– Врнежите ќе бидат слаби, локални и повремени, најчесто на границата меѓу дожд и снег. Сепак, во вечерните, ноќните и утринските часови постои ризик од голомразица, па се советува внимателност во сообраќајот – велат од УХМР.
Хидролошко предупредување
УХМР издаде и хидролошко предупредување за можни појави на мраз по течението на поголемите реки во земјата.
– Можно е појавување на прибрежен мраз и мразокрш во одделни делови на Вардар и неговите притоки, особено во утринските часови. Водостоите ќе се движат околу просечните за овој период, со локални отстапувања – информираат од УХМР.
Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни, особено во раните утрински часови и навечер, поради можната појава на мраз, лизгави коловози и намалена видливост.
