Доцна попладне и навечер следува ново наоблачување.
Денешниот ден ќе биде вистински пролетен, но наскоро следува пресврт.
Максималната температура денес ќе достигне до 18 степени, а поради фенскиот ефект на јужниот ветер локално и до 20 степени. Во повеќето предели времето ќе биде сончево.
Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекува ново наоблачување. Во текот на ноќта дожд се очекува во југозападните делови. Во петок ќе има привремено наоблачување со дожд, а на повисоките планини со снег.
Ќе биде малку посвежо, но и понатаму се очекува натпросечно топло време. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Кон крајот на денот се очекува разведрување.
Во сабота претпладне ќе биде сончево.
Попладне и навечер се очекува поизразено наоблачување со дожд и поројни врнежи.
Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Во текот на вечерта ќе следи заладување, а на планините дождот ќе премине во снег.
Во недела се очекува поизразено заладување, при што дождот ќе преминува во снег и во пониските предели — најпрво на северот и западот од земјата.
Се очекува и формирање помала снежна покривка.
Во понеделник ќе биде студено, на места со снег, главно на југот и на планините, додека на северот се очекува разведрување.
Од вторник следува осетно потопло време, но со чести наоблачувања и дожд.
