Дел од моштите на Света Текла се чуваат во Старата српска православна црква на Башчаршија во Сараево.

Православна црква и нејзините верници денес ја празнуваат Света Текла.

Текла имала детство како и секоја просечна девојка во тоа време.

Се учела на везење и на домашни работи. Сепак, кога наполнила 18 години, отишла да ја слуша проповедта на апостол Павле и тоа целосно ѝ го променило животот.

Според преданието, Текла била воодушевена од зборовите на апостол Павле и го слушала три дена и три ноќи, по што целосно се посветила на верата.

На нејзината мајка не ѝ се допаднала одлуката на ќерка ѝ, па ја тепала и ја изгладнувала. Кога ни тоа не помогнало, отишла кај локалниот судија и побарала Текла да биде запалена.

Судијата ја исполнил нејзината желба, но, на општо чудење, се покажало дека огнот не може да ѝ наштети на Текла.

Потоа девојката тргнала со апостол Павле, помагајќи му и проповедајќи живот според Христовите заповеди.

Но, со тоа не завршиле нејзините маки.

Властите ја осудиле и ја фрлиле пред диви ѕверови, но ниту тие не сакале да ја допрат чесната Текла. Таа била ослободена и продолжила да го проповеда Евангелието, при што успеала да преобрати многу многубошци.

Според преданието, локалните лекари и билкари станале љубоморни на Текла и испратиле група млади мажи да ја силуваат и така да ја обесчестат.

Света Текла го замолила Бога за помош и во тој момент пред неа се отворила карпа која ја засолнила.

Според преданието, токму тоа место било и гробот на Света Текла.

Се верува дека Света Текла ќе им помогне на сите кои на овој ден ќе започнат да работат нешто ново.

Света Текла – заштитничка на жените

Света Текла се смета за „првострадалница“ меѓу жените, но и за нивна заштитничка.

Народното верување вели дека денес жените кои ќе отидат во црква и искрено ќе ѝ се помолат на светителката, можат да им се исполни една желба, доколку таа е искрена и длабоко ја посакуваат и веруваат во неа.

Дел од моштите на Света Текла се чуваат во Старата српска православна црква на Башчаршија во Сараево.