Видеото е снимено некаде низ соседството, а популарно е заради иновацијата на пејачот, односно уникатна маска направена на принципот „сам свој мајстор“.

Типот си пее и си пуши, а притоа почитува прописи и носи и маска, додуша не една туку две. Едната му го „штити“ носот, а другата брадата. Устата му е токму на местото каде што се спојуваат двете маски, а за очите си направил дупки. Со ваква „заштита“ не само што може да си пее, туку може и цигарче да си запали.

Погледнете, креацијава е врв.