Стравот кај роднините за најблиските и недовербата на некои граѓани во болницата за коронавирусот во Бар кулминираше утрово со инцидент во истата здравствена установа, пренесува Вијести.

Според неофицијални информации, семејството на пациентот, кое се наоѓа во одделот за „Ковид“, наводно не можело да добие информации за неговата состојба, за која тврделе дека е многу тешка, па се обиделе насилно да влезат во болницата.

Скршени биле и прозорци, а полицијата мораше да интервенира додека роднините бараа пациентот да биде пренесен во Клиничкиот центар во Подгорица.

Бројни граѓани, како што пренесуваат Вијести, претходно изразиле незадоволство од лекувањето во оваа болница, додека директорот Драгослав Томановиќ за телевизијата Вијести изјави дека најискусни лекари се грижат за пациентите со Ковид и дека тие секојдневно се во контакт со колегите од Клиничкиот центар.