За време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата на Собранието од далечина, да имаат бојадисано јајце пред камера. Ова е еден од илјадниците амандмани кои ги поднеле пратеници од опозициската Левица на предлог измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Собранието.
По тој повод се огласи и пратеникот на СДСМ, воедно и портпарол на партијата, Костадин Костадинов:
Предлог на Апасиев: Заразените пратеници од Ковид19 да покажат офарбано јајце велигденско при нивното одлучување.
Друже Димче, дел од заразените се борат за здив, не за јајце. Срам да ти е несреќо една!
Неколку часови претходно, тој даде уште еден коментар на оваа тема:
Наместо Апасиев да се потпише и да застане зад неговите навредувачки амандмани, тој низ вода го пушта пратеникот Крмов.
Со таквите амандмани се гледа намерата на Левица исклучиво за блокирање на работата на собранието.
Инаку предлогот е за време на Велигденските празници, пратениците што учествуваат во online работата на собрание пред себе да имаат велигденско јајце.
Срамно и понижувачки кон оние кои дале глас за Апасиев.
Додека тој троши државни пари, додека вмро дпмне како што можевме да прочитаме, му купува станови, додека земал хонорари од СЈО, вие чекате тој да направи нешто согласно неговите можности како пратеник во Парламентот, за да ги подобри условите за живот на сите.
Епа еве што прави Апасиев почитувани гласачи на Левица. Со ова покажува дека баш му е гајле за вашите проблеми. Он целта си ја постигна. Тресла се гора, родио се миш.

