Пристигнуваат нови информации за застрашувачкиот настан во Кина, кога возачот и неговиот сопатник останаа заробени во кабината, висејќи над бездната три дена.

Локалните медиуми јавуваат дека мажот ја следел навигацијата и завршил на (пре)тесна патека.

Кога се обидел да се врати назад, изгубил контрола и го пробил заштитниот тротоар напред, пренесува Carscoops .

Камионот е безбедно извлечен со помош на багер, иако не се знае како е отстранет од коловозот, бидејќи не можел да се движи напред .

Она што е сигурно е дека патниците вечно ќе ја паметат „авантурата“ која можеше да ги чини живот.