Иако температурите сè уште се летни, во голема мера се размислува за подготовка на зимница, а домаќинките пресметуваат дали повеќе им се исплати сами да ја прават или да ја купуваат готова.

Традицијата на подготовка на зимница сè уште е дел од секое домаќинство во градот, па затоа централно место е зелената пазарница. Понудата е богата, има многу сезонско овошје и зеленчук, а цените се формираат според побарувачката.

„Пиперката е од 75 до 85 денари, лутата пиперка е 100, врзанка е 125 денари, доматот е 75 денари – истите цени како и минатата година. Зелката е 40, краставицата е 50 денари,“.

„Сега повеќе пиперката е на удар отколку доматот, иако и доматот добро оди,“.  пиперката е исклучиво нивна, произведена на отворено. „И пиперката и доматот се домашни. Многу влијаеше сушата, само кој има добра вода за наводнување може да добие добар производ,“ истакнува тој.

Биљана Милошевиќ Стошиќ ја прашавме дали се исплати да се прави ајвар. „Доколку сакате да биде квалитетен, тогаш се исплати, но треба да се вложи многу труд, а финансискиот дел исто така не е занемарлив. Кога знаете од какви пиперки сте го направиле ајварот и кога сами сте го подготвиле, тоа е вистинско задоволство,“ нагласува таа.

За една тегла ајвар потребни се околу два килограма квалитетна црвена пиперка, сол, масло, шеќер и многу труд и работа на домаќинките, тегла домашен ајвар чини околу 250 денари, но, како што велат домаќинките, „домашниот ајвар нема цена“.