Секој 19 август, ООН потсетува на важноста на поддршката на луѓето во неволи, како и на безбедност на хуманитарните работници.

По 19 години од обележувањето на меѓународниот ден на хуманоста сведоци сме дека конфликтите, здравствената и економска криза оставаат голем број жртви и огромни последици по човечките животи.

Во вакви моменти ,,подадена рака” е повеќе од потребна.

Сите заедно да придонесеме за зајакнување на свеста за важноста на хуманитарните активности ширум светот и важноста на меѓународната соработка во постигнувањето на оваа цел.