Приказната за брачниот пар Шабан и Асмира од селото Глоговац кај Чазин на многумина им е позната откако беше објавена на Јутјуб каналот „Жива вистина“.

Шабан се ожени со Асмира иако разликата меѓу нив е 35 години. Тие чекаат и дете кое треба да се роди за неколку месеци.

Од објавувањето на сторијата водителката изјавила дека добиле многу негативни коментари, но Асмира на тоа имала одговор. Јас сум најсреќната жена. Шабан ги прими моите две ќерки и внук – изјави Асмира.

Тие што велат дека детето не е на Шабан, можат да кажат дека не доаѓа предвид, посочува Асмира и додава дека никаде не оди без нејзиниот Шабан.

Не одам ни на прошетка без да прашам. Одлично се согласуваме – вели Асмира, која со Шабан е во брак две години. А Шабан имаше што да им каже на оние кои негативно го коментираат нивниот брак. Луѓето си го јадат лебот, се грижат за другите. Тоа го коментираат луѓето кои немаат што друго да прават – рече Шабан.

Шабан додава и дека знаел што прави и дека има контрола без разлика на годините. Задоволен сум од сопругата, девојките и внукот – додаде тој. На крајот заедно заклучија дека се најсреќни и дека најмногу се сакаат. Љубовта е љубов – рекле, пренесува Аваз