Дали сте авантурист, перфекционист, едноставна личност?

Секој возач има свои навики во автомобилот – од тоа како да го намести седиштето, до изборот на музика и држењето на воланот. Сето ова е поврзано со карактерот и личноста, особено положбата на рацете.

Дали ги држите двете раце на воланот или само едната? Ако одговорот е само еден , додека другиот е на менувачот, тоа значи дека сте многу едноставни. Опкружени сте со блиски луѓе и претпочитате да имате мал број од нив околу вас отколку толпа. Луѓето ве почитуваат и она што најмногу им се допаѓа кај вас е тоа што не сте склони да драматизирате.

Ако ги држите двете раце на средината на воланот, вие сте личност која не сака конфликти. Понекогаш го кревате гласот, но само кога сте навистина изнервирани. Сакате само мир и добри односи со другите.

Оние луѓе кои го фаќаат воланот со двете раце на горната страна возат онака како што учеле во автошколата и строго ги почитуваат правилата. Вие сте перфекционист и многумина би сакале да бидат како вас.

Само едната рака е на воланот и е опуштено? Вие сте авантуристи и го сакате адреналинот. Таквиот начин на живот не им одговара на оние околу вас бидејќи се грижат за вас, пренесува Bright Side.