




Елена Минциковска своето детство ќе го памети како мачно и полно со трауми. Растена по домови, по паркови и дом-семејства, на 14 години дознава за своите биолошки родители. Мислејќи дека ќе и биде подобро со некој од нив започнува нов живот. Но, ќе се излезе дека тој живот ќе биде поцрн дури и од претходниот пекол.




Тежок е животот на самохраната мајка Елена која од мала не знае што е родителска грижа. Била оставена во дом. На 5 годишна возраст била во дом семејство, а кога на 14 години дознава кои и се биолошки родители, одлучува да замине кај еден од нив сакајќи и таа да биде како другите деца.




– Мајка ми потекнува од Босна, а, татко ми од Мостар. Ми беше тешко што живеам по домови и дом семејства, па, одлучив да ги побарам биолошките родители. Но, толку проблеми видов во животот од нив, што се каев уште од самиот почеток. Татко ми сакаше да ме силува и убие, а, мајка ми толку беше лоша, што како мала ме удрила и со секира по глава-ја започнува својата приказна Елена за емисијата „Срце на дланка“.




Мислејќи дека создавање на семејство е спас од овие тешки маки, Елена запаѓа во уште потежок живот. Таа раѓа ќерка со која подоцна е малтретирана и принудена да бара спас во градските паркови и контејнери, само да не го трпи семејното насилство.




– Мислев ако се омажам ќе се спасам од родителите, но, наидов на уште поголем пекол. Тој пиеше и ме тепаше. Во тој брак имам ќерка, која бев принудена сама да ја гледам. Со месеци дом ни беа парковите, а место за храна, кантите и контејнерите-низ солзи се сеќава Елена.




Сите што сакате да помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на овој број 070/779494 или на трансакциската сметка 210501727985597 НЛБ Банка




Целат сторија можете да ја погледнете на следниот линк Приказна.мк
