На теренот повторно ќе го видиме најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој ќе учествува на својот 13. АТП турнир во Дубаи.

Тој вчера дозна со кого ќе игра на претстојниот турнир, па во првото коло ќе игра против младиот Томаш Махач, а во второто ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот Констант Лестиен – Талон Грикспур.

Новак во четвртокот пристигна во Обединетите Арапски Емирати, тренира секој ден, а слободното време го користи за одмор и релаксација.

Беше уловен на плажа како игра фудбал со деца, а снимката која беше создадена по тој повод воодушеви многу луѓе ширум светот.

Покрај децата, имаше и многу постари луѓе, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во видеото подолу.

Видеото од плажата погледнете го ТУКА.