Новата диета со јајца стана хит на Интернет

Диетата со јајца е докажан начин, со чија помош можете за кратко време да се ослободите од вишокот килограми. Има неколку негови верзии, а ние ви ја претставуваме најумерената, која се базира на намален внес на јаглехидрати. За да избегнете монотонија, која е честа причина за неуспехот на диетите, можете да вклучите некои дополнителни намирници во вашето мени. Покрај јајцата, во вашата секојдневна исхрана се препорачува да ги вклучите следните намирници: пилешко, мисирка, риба, овошје и зеленчук со малку јаглехидрати, билни чаеви без шеќер и вода.

Мора значително да го намалите внесот на јаглехидрати, а лебот, тестенините и компирите се строго забранети. За три месеци следење на оваа диета можете да изгубите до 30 килограми. Еден од познатите организатори на оваа диета е холивудскиот актер Адриен Броди, кој успеа да ослаби 15 килограми подготвувајќи се за улогата во филмот „Пијанистот“. Неговата верзија на оваа диета била следнава: јајца за појадок, мало парче печено пилешко за ручек и парче риба со зеленчук за вечера.

Пример за тоа како може да изгледа вашето мени за еден ден: Појадок: 2 варени јајца и ½ грејпфрут Ручек: Печено пилешко без кожа и зелена салата Вечера: омлет од 2 јајца со спанаќ и домати