Чесна, скромна девојка, здрава, образована и остварена, 25 години, убав изглед, бара момче на слична возраст кое сака да се оствари како сопруг и татко и да го помине животот со лојална личност која е подготвена да биде најдобар пријател и поддршка и во најтешките моменти во животот, е почетокот на огласот залепен на бандера со кој една Милица бара сопруг.




Во огласот Милица убаво напишала што сака и нагласила дека не и е важен ниту физичкиот изглед, ниту финансиската состојба на младоженецот, туку вистинските вредности на кои треба да почива бракот и семејството.




Освен тоа, Милица ги воодушевила прво белграѓани, а потоа и остатокот од Србија, бидејќи во нејзиниот оглас нема ни В од виртуелно. Сепак, иако тоа не и била намерата, таа брзо завршила на социјалните мрежи каде како нејзината објава почнала да се споделува како луда.




Милица додава дека за неа е важно кандидатот да биде чесен, вреден, зрел и стабилен маж кој сака семејство. Покрај тоа, Милица бара некој кој е „во контакт со сопствените чувства“.




– Животот е краток, не пропуштајте ја шансата да ја запознаете личноста за која можеби сонувате, ако ви е доста од нечесни, незрели девојки, спонзоруши, оние кои не знаат што сакаат…“, пишува Милица и ги поканува момците да контактираат со неа по е-пошта.




Многу брзо, храброста на Милица да најде маж со кој би го поминала животот, но и се што спомнала во огласот, ги воодушевило корисниците на социјалните мрежи кои го прогласиле за „најубав оглас во Белград“
