Денис Василевски-Толку многу сакав семејство, а, сега не можам да го прехранам!

A мојот живот може да се напише роман. Многу тешко и жално детство имав. Можеби не трпев за леб, но, патев што немав како и секое дете, кому да речам мамо и тато.

Во тоа време, се ќе дадев само да имав живи и здрави родители. Но, мене ме порасна брат ми. Од шестата година сум сираче. И, затоа си ветив, кога ќе станам возрасен, ќе создадам семејство, кое ќе има кому да вика, мамо и тато.

Со сопругата се заљубивме и, иако, таа е муслиманка, а, јас христијанин, и иако, имавме препреки од нејзиното семесјтво, на крајот победи нашата љубов.

Шеснаесет години со семејството живеев под кирии, по паркови кога не сум имал пари за кирија. Се трудев, работев, само да им обезбедам кров и храна. Имам четири деца, две од нив ми се со посебни потреби-започнува да ја раскажува Денис својата приказна за емисијата „Срце на дланка„.

Целата сторија ќе може да ја погледнете во најновата епизода на СрцеНаДланка, недела 15:45 часот на АлфаТВ

 

Видеото погледнете го ТУКА