Ист Гејт Мол своето семејство на закупци го збогатува со уште еден светски моден бренд од сегментот на мода.

H&M во текот на 2022 година ќе ја отвори својата прва ,,flagship” продавница на 2.300м2 во Ист Гејт Мол.

Ист Гејт Мол, отварајќи ги вратите за H&M, ја покажува својата доследност кон зацртаната стратегија да биде водечки регионален трговски центар кој нуди едно сосема ново потрошувачко искуство на своите посетители.

Познати интернационални ланци маркети, ама и познатиот бренд H&M, влегуваат на македонскиот пазар. Фактор има потврда за преговорите кои овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврдат дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не може да се објавуваат. Македонскиот пазар за овие брендови бил интересен со оглед на тоа што, статистички до пред кризата предизвикана од Пандемијата на Ковид -19 има раст на внатрешната трговија во земјава, особено во делот на продажба на стока за широка потрошувачка.

Според нашите информации влез на пазарот разгледуваат освен германски ЛИДЛ и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите SPAR и BILLA.

Во делот на таканаречена брза движечка мода пазарот сериозно го анализира шведскиот H&M. Овој ланец продавници за граѓаните во земјава се уште не е достапен иако дел веќе пазаруваат оттаму во шопинг центрите кои се во земјите од регионот.

Според официјалните податоци на интернет-страницата на H&M, групацијата планира во 2020 година да затвори 170, но во исто време има план за отварање на нови 130 продавници токму тоа е и Македонија како на постоечките, така и на нови пазари.

Во 2019 година растот на трговијата во земјава се зголеми за 11,5 проценти во однос на претходната година.

Вкупната трговија на мало исклучувајќи ја продажбата на моторни возила и моторцикли во 2019 година изнесува 4,1 милјарди евра.

Во 2020 година како резултат на Ковид-19 кризата прометите во малопродажба имаат сериозен пад во април од 14 проценти, во мај годишниот пад е 11,6 отсто, додека во јануари и февруари имаше значаен раст.