Хрватски полицајци и помагале на една бабичка во Загреб да го тргне автомобилот од улица и да го однесе на паркингот кај блиската бензинска пумпа.

Минувачите велат дека сцената им го разубавила денот.

Бабичката останала без гориво додека го возела автомобилот, а во близина имало полицајци кои веднаш притрчале на помош. Заедно, тие го турнаа нејзиното бело фиќо, а ентузијастичките граѓани го снимиле нивниот гест.

Видеото се прошири на социјалните мрежи, а пофалбите за грижливите полицајци сигурно не изостанаа.

Во оваа прилика, Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска се огласи и на Твитер.

– Неволјата доаѓа во сите форми, а помошта кога најмалку очекувате! Колегите и помогнаа на дамата чиј автомобил вчера се расипа во сообраќајот на улицата Славонска – напишаа тие на официјалниот Твитер профил.