Мислела дека вакво нешто никогаш не може да и се случи.




Студентка по француски и шпански на Универзитетот во Нотингем открила дека откако поминала време во паб со своите пријатели, доживеала страшно искуство, пренесува Објектив .
Деветнаесетгодишната Зара Овен на социјалните мрежи раскажа како утрото по забавата се разбудила во кревет со остра болка во ногата.
– Излегов во градот на 11 октомври, не ни замислувајќи дека некој ќе ме нападне таму. Поради посериозната количина пијалоци што ги испив, очигледно не ја ни регистрирав во текот на ноќта, но утрото. Се разбудив со непријатна болка во ногата, а потоа деталниот преглед откри дека некој ме прободел со игла додека седев на масата во кафеаната – вели Зара.




Студентката истакнала дека по посетата на докторот се обидела да открие што се случило во клубот „Призма“ во Нотингем и дека бара снимка од надзорната камера.




– Не можев да сфатам кој ми го направил тоа, знам само дека ме болеше. Можеби беше шега, а можеби и така некој можеше да ми направи многу полошо. Сè можеше да се случи. До каде оди ова – се запраша Зара на социјалните мрежи.




Полицијата утврдила дека уште двајца гости на пабот изутрината се чувствувале идентично како Зара, односно дека некој и ги прободувал со игла.




– Секогаш излегувам со некого, најмногу за да си го чувам грбот, затоа што дојде такво време. Таму сама не одам ни во тоалет. Она што ме збунува е што на влезот во таа кафеана има детектор за метал, па малку почудно ми е што некој успеал да прошверцува игла внатре.Страшно искуство, не одам веќе таму – заклучила Зара.
