Ејмс, мајка на пет деца која е многу популарна на TikTok, ја сподели со своите следбеници приказната за тоа како повторно се омажила за мажот од кој се развела.




– Пред пет години бев самохрана мајка на три момчиња која не можеше да си дозволи ништо што не беше половно, а сега пакувам подароци за кои претходно немав пари. Се омажив повторно – со мојот поранешен сопруг. Повторно сум среќна и заљубена – рекла жената која на TikTok се претставува како Ејмс.
Вели дека разводот ги чинел околу 90.000 евра, за четири години подоцна да сфатат дека се уште сакаат да бидат заедно. Тие повторно се венчаа и добија уште две деца.




– Пред разводот постојано се каравме и се навредувавме. Не ми се верува дека сме повторно заедно и имаме уште два сина. „Сега уживам да го гледам како игра фудбал со нашите пет сина додека јас подготвувам вечера“, рече таа.
– Не можам да верувам во мојата среќа и колку многу ми се промени животот – додаде таа.




Ејмс откри дека децата биле главната причина поради која решиле да се обидат повторно.
– Нашите деца знаат, се надевам, дека иако првиот брак не ни помина како што очекувавме, тие се причината поради која решивме да се бориме пеколно и да успееме. Верувам дека овој втор обид ќе биде вечен и дека нашите синови еден ден ќе разговараат за тоа со своите деца – рече таа.




Оваа мајка со речиси 50.000 следбеници редовно споделува детали од нејзиниот приватен живот, вклучително и романтични изненадувања кои и ги приредува сопругот, пренесува The Sun.
