Редовно слушаме или гледаме примери каде свекрвата и снаата не се баш во идилични односи, па не е чудно што често читаме за тоа во исповеди на социјалните мрежи или знаеме примери од нашето непосредно опкружување.
Една објава во која една мајка се пожалила дека нејзиниот роден син ѝ забранил да ја види својата штотуку родена ќерка ја подели јавноста, а многумина на почетокот го осудија неговиот потег, не знаејќи што всушност стои зад сè тоа.
Имено, една новопечена баба се пожалила на „Редит“ дека сè уште не ја видела својата внука и дека не ѝ е јасно каде погрешила и со што го заслужила тоа.
– Синот ми забрани да ја видам мојата штотуку родена внука. Останав запрепастена од неговата одлука, бидејќи навистина не знам со што го заслужив тоа. Срцето ме боли и не знам што да правам од тага – стоело во нејзината исповед.
Набргу потоа се огласил нејзиниот син и објаснил за што се работи.
Тој рекол дека неговата сопруга почнала да се пораѓа во четврток навечер и дека не се породила сè до петок во раните утрински часови, а тој цело време бил покрај неа. По една непреспиена ноќ, во саботата бил исцрпен и целосно заборавил да ѝ испрати роденденска честитка на мајка си.
Штом сфатил дека не ѝ пратил порака, веднаш ја повикал да се извини, но таа била бесна – дури ја обвинила неговата сопруга дека намерно го испланирала породувањето да се совпадне со нејзиниот роденден за да ѝ ја украде целата внимателност. Како одговор на нејзините остри коментари, тој ѝ забранил да ја гледа новородената внука.
– Се изнервирав и ја спуштив слушалката, но ѝ реков и дека не е добредојдена да го види моето дете неколку дена. Целото семејство постојано ми праќа пораки и ми вели дека грешам и дека сум ужасен син што не ѝ дозволувам да ја види внуката, но многу ме разлути – додал тој.
Новопечениот татко објаснил дека неговата мајка отсекогаш била малку груба кон неговата сопруга и дека по нејзиниот последен испад решил да прекине секој контакт „за извесно време“ за да може заедно со сопругата да се прилагодат на новиот живот како родители.
Корисниците на „Редит“ цврсто застанале на негова страна, а многумина го охрабриле „да остане силен“ и да направи сè што е најдобро за неговата сопруга и ќерка.
– Го правиш вистинското нешто, таа е таа што греши – напишал еден корисник.
– Не можам да поверувам дека твојата мајка мисли дека твојата жена намерно се породила во тоа време. Тоа не функционира така. Јас на твое место долго време не би ѝ дозволил да го запознае бебето – прокоментирал друг.
