Здравствениот систем во Индија се распаѓа по рекордниот број на новоинфицирани со ковид-19. Болниците се преполни, нема кислород и легла за болните.




Крематориумите, пак, организираат масовни погребни церемонии.
Во последните два дена во Индија се поставени светски рекорди во дневен број на нови инфекции. Вчера се евидентирани 332.503 нови случаи, а денес 332.730. Бројот на смртни случаи исто така рапидно расте.




Во средината на февруари, сто луѓе умирале од коронавирус на ден, а во последните неколку дена, Индија бележи повеќе од 2.000 смртни случаи на дневна основа.
Д-р Атул Гоџа од болницата во Делхи за Би-Би-Си изјави дека имало „огромен наплив“ на пациенти и дека често немало место во собите за итни случаи.




“Немаме доволно простор за легла со кислород. Секој кревет со кислород е веднаш зафатен. Пациентите доаѓаат со свои шишиња со кислород. Сакаме да им помогнеме, но нема доволно кревети и нема доволно кислород“, рече Гоџа.




“Сите наши телефонски линии се зафатени. Луѓето постојано повикуваат на помош. Има голема гужва пред болницата. Брзата помош чека пред влезот и не можат да ги предадат пациентите затоа што нема слободен кревет. “, додаде тој.




Луѓето бараат болнички кревети, лекови за спасување живот, кислород и плазма за заразените и болни пријатели и роднини. Болниците немаат сè што е важно за да се спасат пациентите, а многу работи се набавуваат на црниот пазар, според лекарот.




Вишвароп Шарма, 22-годишен студент, претходно овој недела го возел својот критично болен татко во болница во Делхи, но немало кревети и кислород. Биле принудени да чекаат надвор, пред болницата.




“Никој не ни помогна. Тој почина пред мене, во моите раце”, изјави Шарма за Си-Ен-Ен.
Кога Шарма се вратил дома, забележа дека неговата заразена мајка исто така почнала силно да дише. Лут, купил шише со кислород на црниот пазар, а потоа поминал неколку дена во потрага по болница со слободен кревет. Нашол слободно место во болница на 100 километри од неговиот дом.




“Не знам што да правам. Страшно се плашам. Не сакам да ја изгубам мајка ми како што го изгубив татко ми. Нема да можам да преживеам ако ја изгубам мајка ми”, рече Шарма.




Во индиската држава Махараштра, која во моментот е најтешко погодена од пандемијата, често има недостаток на кислород. Во главниот град на државата Мумбаи, најмалку 13 пациенти починаа откако избувна пожар во единицата за интензивна нега во јавната болница. Два дена порано, 24 заразени пациенти починаа во Махараштра , поради дефњект во снабдувањето со кислород.




Утрово, ланецот болници , што работи со 10 приватни болници околу Делхи, издал „СОС“ аларм, велејќи дека има кислород на две локации за само уште еден час. Недостатокот на кислород подоцна бил решен.




Три други држави – Гуџарат, Утар Прадеш и Харијана – исто така се соочуваат со критичен недостиг на кислород. Индиските воздушни сили се ангажирани да помогнат во подигнување на цистерни и снабдување со кислород до различни делови на земјата./kanal5
