Необично видео кружи на социјалните мрежи! Имено, истражувачите ја снимиле земјата како „дише“

Видеото на кое се гледа како земјата со дрвја се крева, а потоа повторно паѓа, ја снимиле истражувачи кои се нашле таму во тој момент.

– Ова е најчудното нешто што сум го видел – е еден од многуте коментари под видеото објавено на Твитер.

Сепак, иако изгледа страшно, постои логично објаснување зошто оваа појава се јавува на теренот.

За време на бури, земјата се заситува со вода, поради што ја губи својата сила. Како што силниот ветер ја придвижува крошната на дрвјата, така дрвјата со корени делуваат како лост што ја влече земјата нагоре и ја спушта назад, создавајќи на тој начин ефект на дишење.

Во секој случај, ситуација која е навистина ретка.

Погледнете го видеото и уверете се сами: