И покрај намалената подвижност, бабата успеала да направи топка снег и да ја фрли, без да ја тргне насмевката од лицето.

„Возев низ снегот и застанав да се свртам, но во тој момент се отвори совозачката врата. Мајка ми беше таа што за секунда излезе на снег“, вели Арманд Фоизи во позадина на видеото. Видеото, за само неколку дена го виделе повеќе од осум милиони луѓе.

„Кога мајка ти има сто години, секогаш е добро да имаш камера со тебе за да снимиш вакви моменти“, изјави Арманд за Хафингтон пост. Само што излегла во снегот, мајка му Албина направила топка од снегот.

И покрај намалената подвижност, таа успеа да го фрли без да симне насмевка од лицето. Покрај тоа што е видена од повеќе од осум милиони луѓе, снимката е споделена над 150.000 пати. Видеото ги трогна и инспирираше сите нив.

„Таа ме потсети да се опуштам, да уживам во животот и да имам верба“, напиша еден коментатор под видеото на Фејсбук.

ВИДЕО: