Почитувани ви пренесуваме ФБ статус од јоци:
А, јас пак мислев ќе излезе некој од владеачкава гарнитура денеска (кога е ден за мотори, нали) и ќе соопшти дека државата ќе се погрижи за четиричленото семејство на Верче.




Ќе добијат долгорочна помош, вработување, здравствени бенефиции, покојната ќе добие достоен погреб и споменик платен од Влада…коа тоа они цел ден се сликаат и пуштаат глупости по ФБ!




Па, и оној градоначалникон на Берово се јавил, Пекевски, место да се пикне во дупка и да ќути!




Бидејќи семејството се иселило оттаму и го снајде ваква трагедија, токму поради селидбата и безработицата. А, слоганот, додека собираа гласови на избори, им беше #живот.

