Стилот на Меланија секогаш остава силен впечаток – одмерен, префинет и непогрешлив
На новата инаугурација на Доналд Трамп целото внимание беше насочено кон Меланија Трамп . Нејзиниот изглед предизвика вистинска сензација, а стајлингот во кој се појави не можеше да остане незабележан. Комбинацијата на елегантно и одмерено, со примеси на луксуз што го одразуваше нејзиниот препознатлив стил, уште еднаш потврди зошто Меланија е синоним за софистицираност и елеганција.
Таа носеше долг црн капут кој и паѓаше веднаш над колена, класична бела кошула и дискретни додатоци. Целиот изглед зрачи со едноставност, но во исто време беше пример за беспрекорна елеганција. Стилот на Меланија секогаш остава силен впечаток – одмерен, префинет и непогрешлив.
Сепак, деталот кој особено привлече внимание е нејзиниот шешир кој чини дури 1.300 долари. Овој моден додаток, совршено вклопен во целокупната комбинација, стана тема на многу разговори. За да разберете колку е луксузен, доволно е да се каже дека во Србија за таа сума можете да купите пристојна користена кола.
Меланија повторно остана доследна на својот стил – класичен, елегантен, но многу скап. Нејзиниот изглед не е само модна изјава, туку и порака за непогрешлива естетика и статус. И покрај критиките за цената на нејзината гардероба, Меланија постојано го одржуваше својот имиџ на една од најстилските жени на глобалната политичка сцена, потсетувајќи ги сите дека модата за неа е многу повеќе од обична површност – тоа е начин на изразување на сопствениот идентитет.
