Починатиот пензионер бил донесен во поштата во Карлоу, град во Ирска, пренесува Irish Times.
Полицијата во Ирска отвори истрага по наводите дека двајца мажи го донеле телото на мажот во поштата во Ирска за да му ја подигнат пензијата.




Починатиот пензионер бил донесен во поштата во Карлоу, град во југоисточниот дел на Ирска, пренесува Irish Times.
Се наведува дека мажите го „испуштиле“ телото и побегнале кога вработените почнале да ги испрашуваат.




Ирската полиција ги истражува околностите под кои почина пензионерот.
Во краткото соопштение од полицијата се наведува дека нема да го коментираат инцидентот во поштата што се случи во петокот наутро.




„Гарда (ирската полиција) и експерти од одделот за патологија се задолжени за истрагата“, се вели во соопштението.
Се додава дека патологот ќе изврши обдукција, од чии резултати ќе се утврди текот на истрагата.
Ајриш тајмс наведува дека вработените во поштата биле загрижени за здравјето на човекот кој мажите го донеле на шалтер.




Тие го фрлиле телото, а потоа побегнале, а вработените брзо дознале дека човекот на подот е мртов.
Ирската државна телевизија RTE објави дека еден човек се јавил во поштата и побарал да плати пензија на име на постар човек.




Тоа барање било одбиено бидејќи вработените му рекле дека пензионерот морал лично да дојде за да ги земе парите.
Набргу потоа двајцата се вратиле со 60-годишен маж.




„Детективите сега истражуваат дали човекот веќе бил мртов кога бил донесен во поштата“, пренесува РТЕ.
