Едно од палестинските деца ослободени од израелски затвор изјави за Ал Џезира дека минатата недела бил претепан од израелските чувари и дека му биле скршени раката и прстот.
Добивај вести на вибер

Мохамед Назал, тинејџер по потекло од Џенин, додал дека не му била укажана никаква медицинска помош во затворот и покрај повредите и дека Црвениот крст само му ја преврзал раката по ослободувањето, пишува Гардијан.

„Израелците не ми дадоа ништо. Имам скршена рака, не можам да мрдам со прст“, рече тој. Неговата мајка, која стоела до него додека зборувал за Ал Џезира, рекла дека нема поим што се случува со него. Немаше повици, посети, ништо“, рече таа.

Пред да започне размената на заложници и затвореници минатата недела, Здружението на палестинските затвореници соопшти дека Израел држи 7.200 затвореници, меѓу кои 88 жени и 250 деца. Од 7 октомври, Израел уапси дополнителни 3.260 Палестинци, меѓу кои 120 жени и повеќе од 200 деца./A1on