Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека мора да даде се од себе Србија да има најдобри односи со соседите, но дека не смее да заборави што се случи со српскиот народ во Втората светска војна.

Вучиќ во интервју за Телевизија Прва рече дека десетици илјади луѓе годишно летуваат во Хрватска и дека негово лично мислење е дека таму нема да оди на море „додека е жив“. Тој рече дека не ги замерува граѓаните на Србија кои летуваат во Хрватска.

„Оние (граѓаните) кои веќе летуваат таму го искажаа својот став за се, мојот став е дека не би летувал таму и тоа е во ред, секој има свое мислење и тоа е суштината на едно демократско општество“, изјави Вучиќ за ТВ Прва.

Тој додаде дека не сакал да оди на море, туку во Јасеновац, за да покаже почит кон жртвите и дека побарал повторно да го посети местото на страдањето, но дека ништо не се случило.

Тој ја повтори својата претходна изјава дека е шокиран што во Белград нема улица посветена на жртвите од Јасеновац, ниту споменик.

Вучиќ оцени дека во Хрватска е почната ревизија на историјата.

Како што рече, Хрватска е лута поради обележувањето на злосторството на патот Петровац, бидејќи сакаат да покажат дека акцијата „Бура“ била „чиста“.

error: Content is protected !!