




Претседателот се огласи на својот Инстаграм профил.




Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните на Инстаграм.




-Почитувани граѓани на Србија, ситуацијата во Европа и светот поради конфликтот во Украина станува се потешка. Таа е потешка од час во час. Затоа и во согласност со тоа, раководството на Србија ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди нормален живот на граѓаните – рече претседателот и додаде:




– Заедно ќе успееме да ги надминеме политичките предизвици, но економските предизвици стануваат се потешки и поголеми. Затоа реагираме на највисоките цени во историјата, и јаглен, струја, гас, сите суровини.




Но, цените на основните прехранбени производи драстично растат. Затоа е важно да преземеме мерки и за тие мерки ќе ве информираме во најбрз можен рок, вечерва или утре. Важно е да реагираме без паника бидејќи убеден сум дека ќе ја зачуваме стабилноста и мирот и добриот живот за нашите граѓани – рече Вучиќ.
