Германската амбасадорка Анке Холштајн денеска порача дека борбата против корупцијата се учи и се применува од најмали нозе до највозрасни жители.




– Има многу работи кои треба да се направат, а тоа е случајот со Северна Македнија и тоа го кажа и мојот претседател за време на неговата посета. Во завност од тоа колку брзо Северна Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка и сите треба да научат и најмалите и најголемите како се води борбата против корупцијата – порача амбасадорката.




по денешното предавање на новата донација за полицијата нагласи дека битката против корупцијата е најважна за граѓаните и за европскиот напредок на државата. На новинарско прашање одговори дека Германија ќе продолжи да помага, но мора да се смени и свеста на функционерите и на граѓаните.
– Борбата против корупцијата е тешка задача и тука се неопходни волја и време за кои Германија е подготвена да помогне – рече амбасадорката.




Свесно сме целосно за потребата од борба пеотив корупцијата вели македонскиот премиер.
На ова и реплицираше Др. Нико Беќаровски на својот ФБ Профил Неговиот пост ви го пренесуваме во целост:




Ваша ЕКСЕЛЕНЦИЈО, г-ѓа Анке Холштај,
Дозволете најкусо да Ви одговорам на Вашите луцидни и оригинални совети за спречување на корупцијата во мојата земја.
Како човек кој 33 години работи во јавното здравство, најодговорно Ви тврдам дека >90% од здравствените работници во Македонија, најсовесно си ја вршиме својата работа и НИКОГАШ не би побарале или зеле мито од било кој пациент, иако платата на секој здравствен работник во мојата земја, е помала од две обични дежурства на соодветен здравствен профил, во Вашата прекрасна земја.




Најголем дел од здравствените работници во мојата земја се материјално сиромашни, но многу чесни и вредни работници, кои својата професија ја одбрале од љубов, а не за материјален интерес, бидејќи носењето на БЕЛИОТ МАНТИЛ во Македонија, но и во екс Југославија, никогаш не била добро платена професија.




Всушност секоја година 200-300 здравствени работници од мојата земја, ја прифаќаат Германија како своја втора татковина и ниту еден од нив, никогаш не бил вклучен во било каков коруптивен скандал во Вашата земја, туку напротив трудољубиво и беспрекорно се вклопуваат во Вашиот перфектно уреден здравствен систем.




Почитувана амбасадорке, ако навистина сакате да и помогнете на мојата земја и да ни помогнете да ја обелиме извалканата боја на нашите мантили од корумпираните наши колеги, НАТЕРАЈТЕ ГИ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ВЕДНАШ ДА ДОНЕСАТ ЗАКОН ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТОТ ОД 1991 ГОДИНА ДО ДЕНЕС.




Со тој едноставен законски акт ќе се направи јасна диференцијација во целото општество, а не само во здравството и образованието.




Почитувана екселенцијо, на крај дозволете најдлабоко да Ви се заблагодарам Вас како амбасада, на Вашиот претходен амбасадор и на сите германски државјани, за посетата и донацијата обезбедена од Ваша страна за УК токсикологија во 2018 година, во медицински инвентар кој се уште секојдневно се користи од нашите пациенти и да Ве поканам и ВИЕ да ја посетите нашата Клиника и непосредно да се запознаете со медицинскиот персонал.
Со должна почит
Проф. д-р. Нико Беќаровски
