Груевски се јави од Будимпешта: Се смеам кога ќе се сетам кој се беше против

Поранешниот претседател на македонската Влада, Никола Груевски, периодов е доста активен на социјалните мрежи, па така и вчера сподели статус за арената “Филип Втори”, подоцна преименувана во “Тоше Проески”.

– Арената “Филип Втори”, подоцна преименувана во “Тоше Проески”, вброена во топ 10 стадиони на Балканот според sportsrender.com. Имаме причина да бидеме горди, особено кога ќе се потсетиме како изгледаше претходно, и како растеше заедно со целокупниот напредок во тоа време на многу полиња. И повторно, по којзнае кој пат се засмејувам кога ќе се сетам на сите оние кои пред петнаесетина години беа против, се сомневаа или јавно изјавуваа дека ќе паднеле новоизградените трибини, напиша Груевски.