По студените денови пристигнуваат пролетни температури и до 15 Целзиусови степени!
Просечната минимална температура на воздухот во февруари ќе биде над повеќегодишниот просек, при што нејзината вредност во просек ќе биде за еден до два степени повисока од повеќегодишниот просек.
Поблаг и просечно влажен март
Според сезонската прогноза, во третиот месец можен е слаб до умерен мраз .
Просечната минимална температура на воздухот во март ќе биде над долгорочниот просек, при што нејзината вредност во поголемиот дел за 0,5 степени до еден степен повисока од долгорочниот просек,
Во Скопје и околината просечната минимална температура на воздухот во март се очекува да биде околу 5,1 степен. Просечната максимална температура на воздухот во март ќе биде над долгорочниот просек, со вредности кои ќе бидат за 0,5 до еден степен повисоки во поголемиот дел од земјава во однос на долгорочниот просек.
– Во цела Македонија месечната количина на врнежи во текот на март ќе остане во рамките на повеќегодишниот просек, со вредности и до пет мм пониски од повеќегодишниот просек.
