Ризичната група вклучува и хронични пациенти, дебели жени, дијабетичари, луѓе со лупус или ревматоиден артритис и луѓе кои веќе имале срцев удар.
Тивки срцеви удари се случуваат кај дури 50 проценти од доживеаните срцеви удари, а кај 30 проценти тие можат да бидат фатални, предупреди таа.
Во посета на утринската програма на РТС, д-р Данијела Јевтиќ од Брзата помош и кажа што е метаболички синдром и предупреди дека само три клучни симптоми се доволни за да имате причина за грижа, односно кои се сигналите дека ви се заканува ненадеен срцев удар.
– Во последно време имаме се повеќе тивка исхемија, а важно е луѓето да ги знаат симптомите. Половина од срцевите удари кои се случуваат се тивки и во 30% од случаите можат да бидат и фатални, ова е проблем кој ги погодува сите генерации – изјави докторката.
Обично луѓето мислат дека само болката во градите ќе биде сигнал за инфаркт, но тоа не е така, подвлече докторката.
Симптоми на тивок срцев удар се:
Болка во горниот дел на градниот кош
- Болка во горниот дел на стомакот
- Болка во рамото
- Забоболка
- Болка во надлактиците
- Бесвест