Иако Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе единствено време, тоа се уште не се случи.

Во Европа, како и кај нас, летното сметање на времето оваа година завршува на 29 октомври, што значи дека ноќта меѓу 28 и 29 октомври во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад, т.е. во 2 часот по полноќ.

Се уште не се знае кога ЕУ конечно ќе го укине менувањето на часовникот, но во Хрватска, која е членка на Унијата, на пример, до крајот на 2026 година е на сила регулативата за летно и зимско сметање на времето.