Како да заштедите на струја и паметно да ја користите климата




Следува зима во Македонија температурата ќе почне да паѓаат.




За да не ви се фати за глава на крајот на месецот кога ќе стигне сметката за струја, слушнете што вели експертот.




Колку и да е ладно надвор, температурата во климата не треба да падне под 23 степени Целзиусови, вели хрватскиот експерт за пазарот на електрична енергија Ненад Куртовиќ и додава дека ќе заштедите дури 50 киловати.




„Климата може да троши околу 300-400 киловати месечно. Затоа, доколку купувате нови уреди, ви ја препорачувам највисоката класа А +++, кои се најскапи, но и најефикасни. Не треба да заборавиме и како тарифите за наплата на струја се пониски ноќе, кога е најевтино да се користат уреди“, изјави Куртовиќ за „Тпортал“.




Според експертите, четиричлено семејство кое живее во стан од, на пример, околу 40 метри квадратни, со ваквото штедење може да заштеди од 1.750 до 3.500 денари.
Но сепак претходно потребно е да имате добра изолација дома.
