Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, во петокот на прес -конференција објави дека Хрватска ќе набави нова, протеинска вакцина, произведена од француската фармацевтска компанија Санофи / ГСК.




Тој посочи дека оваа вакцина е различна и поевтина од mRNA вакцината.
“Нарачавме околу 300.000 дози од иновативната вакцина. Досега имавме вектор вакцина (AstraZeneca) и mRNA (Pfizer и Moderna). Ова е протеинска вакцина и според најавите ќе биде многу ефикасна. Таа е многу поевтина од mRNA вакцината. Сепак чекаме и на сите детали од ЕМА, рече Чапак.




Додаде дека нарачки прават и други земји, досега најмногу Германија.
Санофи развива вакцина базирана на слична технологија што ја користи компанијата при изработка на вакцини против сезонски грип. Оваа вакцина, исто така, е насочена кон протеинот С за кој вирусот САРС-КоВ-2 служи за врзување и влегување во клетките. Кога влегува во клетките, вирусот се реплицира и се шири низ телото.




Инфекцијата го стимулира одбранбениот систем на телото да развие антитела кои ќе го блокираат вирусот. Вакцината С-протеин ќе предизвика одговор на одбранбениот систем без да предизвика инфекција, бидејќи содржи само С протеин, а не целиот вирус.
За ова вакцина вчера пишуваше д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија. Цитираше сознанија за ефикасноста на вакцината.
